Образовниот ресурс Mythos е блог-платформа наменета за сите љубители и почитувачи на духовното и материјалното творештво на старите Хелени и Римјани, како и на општествено-историските услови во кои созревале и се развивале овие древни европски култури.
Пред сè, тој е наменет за потребите на учениците кои го избрале изборниот предмет Класична култура за продлабочување на знаењата од редовните предмети според Новата концепција за основно образование. Изобилува со проширени податоци за природата на предметот, со интерактивни наставни материјали за работа на час, со истакнати ракотворби и активности на учениците, како и со мултимедијални содржини за сеопфатно аудио-визуелно доживување на хеленската и римската култура кои ги удриле темелите на современата европска цивилизација.
Притиснете на сликата долу за да се пренасочите кон надворешниот блог Mythos
Покрај блогот, предметот има и сопствена образовна страница на Фејзбук на која администраторите постојано објавуваат содржини кои се изучуваат на наставата и изработки од учениците со фотографски материјал. Исто така, ги известуваат учениците за сите претстојни активности поврзани со обработките на темите по кои е организирана наставната програма по предметот.
Притиснете на сликата долу за да се пренасочите кон страницата Mythos на платформата на Фејзбук
Лична карта на ООУ „11 Октомври“ - Куманово
ООУ „11 Октомври" - Куманово, Република Северна Македонија, е училиште пријател со следниот лозунг: „Сите различни, а еднакво важни. Заедно градиме личности, денес мали, а утре поголеми од нас.“
Ние создаваме сигурна средина во која ученикот е поттикнуван да го креира сопствениот академски, социјален и емоционален потенцијал.
OОУ „11 Октомври“ од Куманово е формирано во 1964 година. Се наоѓа во централното градско подрачје на ул. „Тодор Велков“ б.б. Неговата изградба е поврзана со потребата на општината за опфаќање на сите училишни обврзници кои гравитираат во овој реон познат по својата мултиетничка и мултикултурна структура.
Особена карактеристика, по која училиштето се разликува од другите во градот е тоа што отсекогаш во неговиот состав имало ученици од најразлични етнички и културни заедници. Наставата се изведува на македонски јазик, во централно училиште од I до IX одделение и во две подрачни училишта во с. Долно Којнаре и с. Речица од I до V одделение.
Им посакуваме добредојде на сите ученици, во училиште со креативна и поттикнувачка клима на меѓусебна доверба и почит во кое се користат современи методи, кои на младиот човек му помагаат да се развие во отворен, толерантен и флексибилен член на општеството подготвен за понатамошни образовни, професионални и животни предизвици.