Back To Top
Две колешки Лепосава Пешиќ и Снежана Ристовска од нашето училиште присуствуваа на обука за диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница подржана од УНИЦЕФ. Предавач на обуката беше др. Едина Кромпак од Универзитетот за применети науки и уметности од Базел, Швајцарија.
На 11ти и 12ти јануари колешките кои се членови на Инклузивниот тим извршија дисеминација и споделија стратегии и активности за настава која одговара на разликите помеѓу учениците. Во текот на неколку сесии одделенскиот наставник Лепосава Пешиќ и Снежана Ристовска наставник по математика ги разработија следниве теми: инклузивно образование, клучни елементи на диференцирана училница, прилагодување на наставни планови, колаборативно учење, различни видови на оценување, градење н класна заедница и соработка со семејства.
Eдна од целите на инклузивното образование е создавање култура и систем на вредности во училиштата според кои се вреднуваат сите ученици без оглед на различноста на нивните потреби.Инклузивното образование овозможува користење на низа стратегии и техники кои го олеснуваат процесот на учење и поучување,особено кај учениците со потешкотии во учењето.Формативното оценување е вистинското во следењето на постигањата и оценувањето на учениците кое ке овозможи подобар увид во напредувањата на сите ученици ,а со тоа и на учениците со потешкотии во учењето.
Дисеминацијата се одржа на 10 и 11 февруари 2016 година во училиштето од страна на обучувачи одделенските наставници: Зорица Јакимовска и Лепосава Пешиќ каде им беа пренесени сите осум теми од Формативното оценување кај ученицитее со потешкотии во учењето.На дисеминацијата учествуваа сите одделнски наставници ,психолог,педагог, библиотекар,професори по англиски јазик и советничката Маријана Варџиска.