Back To Top
Почитувани родители,
Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат услугата образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021 им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.
Лична карта на ООУ "11 Октомври" - Куманово
ООУ "11 Октомври" Куманово, Република Северна Македонија, е училиште пријател-сите различни, а еднакво важни. Заедно создаваме луѓе, денес мали, а утре поголеми од нас.
Ние создаваме сигурна средина во која ученикот е поттикнуван да го креира сопствениот академски, социјален и емоционален потенцијал.
OОУ "11 Октомври" од Куманово е формирано во 1964 година. Се наоѓа во централното градско подрачје на ул. "Тодор Велков" б.б. Неговата изградба е поврзана со потребата на општината за опфаќање на сите училишни обврзници кои гравитираат во овој реон познат по својата мултиетничка и мултикултурна структура.
Особена карактеристика, по која училиштето се разликува од другите во градот е тоа што отсекогаш во неговиот состав имало ученици од најразлични етнички и културни заедници. Наставата се изведува на македонски јазик во кабинети, во централно училиште од I до IX одделение и две подрачни училишта и тоа во с. Д. Којнаре и с. Речица од I до V одделение.
Ние им посакуваме добредојде на сите ученици во училиште со креативна и поттикнувачка клима на меѓусебна доверба и почит во кое се користат современи методи кои на младиот човек му помагаат да се развие во отворен, толерантен и флексибилен член на општеството подготвен за понатамошни образовни, професионални и животни предизвици.