Образовниот ресурс Mythos е блог-платформа наменета за сите љубители и почитувачи на духовното и материјалното творештво на старите Хелени и Римјани, како и на општествено-историските услови во кои созревале и се развивале овие древни европски култури.
Пред сè, тој е наменет за потребите на учениците кои го избрале изборниот предмет Класична култура за продлабочување на знаењата од редовните предмети според Новата концепција за основно образование. Изобилува со проширени податоци за природата на предметот, со интерактивни наставни материјали за работа на час, со истакнати ракотворби и активности на учениците, како и со мултимедијални содржини за сеопфатно аудио-визуелно доживување на хеленската и римската култура кои ги удриле темелите на современата европска цивилизација.
Притиснете на сликата долу за да се пренасочите кон надворешниот блог Mythos
Покрај блогот, предметот има и сопствена образовна страница на Фејзбук на која администраторите постојано објавуваат содржини кои се изучуваат на наставата и изработки од учениците со фотографски материјал. Исто така, ги известуваат учениците за сите претстојни активности поврзани со обработките на темите по кои е организирана наставната програма по предметот.
Притиснете на сликата долу за да се пренасочите кон страницата Mythos на платформата на Фејзбук