Процедура за обезбедување на материјални средства за учениците чии семејства се социјално загрозени

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Процедура за обезбедување на материјални средства за учениците чии семејства се социјално загрозени

 

           Негативната материјално-економска положба на семејството е почва на која се размножуваат сите негативни и комплексни појави.
           Бројот на семејствата со намален животен стандард во нашето училиште, од година во година се повеќе се зголемува и директно влијае врз целокупната состојба на децата и останатите членови во семејството.
           Затоа, во училиштето има изготвено интерна процедура со која се предвидува обезбедување на материјални средства за учениците од категоријата на социјално загрозени семејства.

           1.Идентификација на сите ученици во чие семејство нема вработени и нема   
              никакви други приходи (социјална помош, имот за обработување, др.вид      на парична помош и сл.);
           2.Изготвување на евиденција по паралелки на сите ученици од оваа
              категорија од страна на одделенските и класните раководители;
           3.Организирање на индивидуални средби со родителите или посета на    
              нивните домови и разговор за нивната материјално-економска состојба;
           4.Информирање на родителите од кого се може да побараат помош за     
              подобрување на нивната состојба (Центар за социјални работи, Црвен крст, Биро за вработување, невладини и други хуманитарни организации);
            5.Информирање на локалното население од реонот на училиштето за
              состојбата на учениците од социјално загрозените семејства;
            6.Организирање на собирни акции на ниво на училиште (книги, тетратки,    
              др.училишен прибор, облека, обувки и сл.);
            7.Организирање на собирни акции во реонот на училиштето за прибирање
              на одредени материјални средства и друг вид на помош за овие ученици
              (храна, постелнина, облека, обувки и сл.);
            8.Барање на донации од невладини организации за ученици кои не се во
               можност да си обезбедат работни материјали и прибор;
            9.Училиштето ќе бара од патничките агенции кои ги организираат
               ученичките екскурзии, да им овозможи бесплатно одење на екскурзија на
               1-2 деца од секоја паралелка кои не се во состојба да ги платат трошоците
               за патувањето;
           10.Во соработка со културните установи од градот (Центар за култура,   
               МКЦ, Театар, Градскиот музеј и др.) да им овозможи бесплатна посета на
               овие ученици на различни претстави, изложби и др.манифестации.

 
 

СТАТУТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО

НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ