<style>.lazy{display:none}</style>Патронат
bird
sun

ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ

Патронат

Воведен говор на директорот по повод 60-годишниот јубилеј на ООУ „11 Октомври" - Куманово во НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
FPL 9054Во претходниот период, нашето училиште спроведе мноштво на активности од областа на спортот и уметноста, разни училишни и меѓуодделенски натпревари кои интерно ги организираат наставниците со целосна посветеност за интегрирање на децата со посебни образовни потреби.
 
Горди сме на нашите наставници кои образовале и обликувале личности од многу генерации на ученици во сите изминати декади од формирањето на нашето училиште. Меѓу овие луѓе има значајни претставници од разновидни професии кои за време на нивниот работен стаж извршувале, а голем дел од нив сè уште извршуваат клучни функции на општинско и на државно ниво во служба на граѓаните.

FPL 9156
 
Како директор, со гордост ги набљудувам посветените наставници кои непрестајно настојуваат да го инспирираат и поддржат секое дете во процесот на психо-физичкиот раст и развој.
 
FPL 9064Врз основа на моето лично искуство и пракса како наставник, а сега на функција како раководен орган на училиштето, за наставниците би го рекла следново низ неколку куси описи: наставниците се неуморни двигатели на современото општество, чувари на просветителскиот дух, одржувачи на дисциплината и редот, творци на интелектуализмот, вечни критичари на едноумието и на незнаењето, храбри борци против моралната корозија и вешти вајари на homo futúrus – човекот на иднината.
 
IskraЗаеднички ќе продолжиме да создаваме историја и да испишуваме свежи страници во премиерното училишно списание „11-та Искра.
 
Нека ни е среќна 60-годишнината!
 
Нека нашето училиште продолжи да просветлува со нови знаења и да буди надежи за плодна и светла иднина!

 

> >

Покана и програма за патронат 2024 година

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Pokana2024

Programa2024