Back To Top

foto1 foto2 foto3 foto4 foto5

Лична карта на ООУ "11 Октомври" - Куманово


ООУ "11 Октомври"  Куманово,  Република Северна Македонија, е училиште пријател-сите различни, а еднакво важни. Заедно создаваме луѓе, денес мали, а утре поголеми од нас.
Ние создаваме сигурна средина во која ученикот е поттикнуван да го креира сопствениот академски, социјален и емоционален потенцијал.
OОУ "11 Октомври" од Куманово е формирано во 1964 година. Се наоѓа во централното градско подрачје на ул. "Тодор Велков" б.б. Неговата изградба е поврзана со потребата на општината за опфаќање на сите училишни обврзници кои гравитираат во овој реон познат по својата мултиетничка и мултикултурна структура.
Особена карактеристика, по која училиштето се разликува од другите во градот е тоа што отсекогаш во неговиот состав имало ученици од најразлични етнички и културни заедници. Наставата се изведува на македонски јазик во кабинети, во централно училиште од I до IX одделение и две подрачни училишта и тоа во с. Д. Којнаре и с. Речица од I до V одделение.
Ние им посакуваме добредојде на сите ученици во училиште со креативна и поттикнувачка клима на меѓусебна доверба и почит во кое се користат современи методи кои на младиот човек му помагаат да се развие во отворен, толерантен и флексибилен член на општеството подготвен за понатамошни образовни, професионални и животни предизвици.

sound by Jbgmusic

ООУ „11 ОКТОМВРИ“

ул. Тодор Велков б.б.

1300 Куманово

тел/факс: +389 31 424 235