Back To Top
Проект „ Моќно образовно партнерство“ во нашето училиште почна да се реализира во соработка со Општина Куманово од 15.09.2016г.
Програмата на овој прект се однесува на обезбедување дополнителна помош на учениците со потешкотии во рамки на образовниот процес преку ангажирање на образовни асистенти кои ќе им помагаат на истите за време на наставата. Значаен аспект е дека и родителите и наставниците активно учествуваат во реализација на проектот.
Со него, во минатата учебна година беа опфатени 3 ученика , а оваа учебна година од 01.10.2017г. опфатени се уште 2 ученика со кои ќе се работи до крајот на учебната 2017/2018г.
Проектот ДИСО ( Децата и семејството во образованието) има за цел:
- да ги унапреди личните компетенции и животни вештини кај ранливите групи на деца;
-подобрување на сликата за себе;
-обезбедување видливост на комппентенциите кои веќе постојат;
- вклучување на семејството;
-поддршка на добра комуникација меѓу наставниците, родителите и децата;
-подобрување на заедничко живеење и учење.
Наменет е за деца од 4-14 год., овозможувајќи да ги покажат во училиштето нивните постоечки компетенции.
Во ДИСО се вклучени и родителите со што се потврдува нивната клучна улога за постигањата на детето. Преку реализација на проектот учениците учат како да ги идентификуваат и прифатат сопствените чувства, како да донесуваат одлуки и да се потпираат на нивните сопствени вештини за решавање на проблеми.
Прирачниците за ДИСО може да се најдат на следнава веб страна http://www.face-lifeskills.com