Стратегија за намалување на бројот на изостаноци на учениците

Стратегија за намалување на бројот на изостаноци на учениците
(со поголем осврт на неоправданите изостаноци и преземање на законски мерки за родителите на учениците кои се нередовни во наставата)

 

Врз основа на Законот за основно образование од август 2008год., во делот Права и обврски на учениците во член 54 стои дека:

- Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план и програми и Годишната програма за работа.
           Со години наназад, училиштето се соочува со проблемот на неоправдано изостанување на некои ученици од наставата. Дел од овие ученици се припадници од ромската популација и неоправдано изостануваат од најразлични причини (доцнење на часовите, немање на облека и обувки, недоволна грижа од родителите, искористување за сезонска и друга работа, немање на материјал за работа и сл). Другите ученици главно изостануваат поради тоа што имаат лошо друштво, семејни проблеми, немаат интерес за учење, недоволна грижа од родителите и сл.
За надминување на овој проблем училиштето изготви Стратегија со која ќе се предложат начини и форми за намалување на голем број на ученички изостанувања.
           Согласно Законот за основно образование, училиштето изготви свои предлог мерки:

1. Утврдување на причини за изостанување на учениците преку: разговори, анкети, прашалници и сл. од страна на одделенски и класни раководители, стручна служба и директор.
2. Укажување за можните последици од нередовноста во училиштето преку: советување, разговори, укажување, опомени и сл. од страна на одделенските и класни раководители, стручната служба и директорот на училиштето.
3. Водење на редовна евиденција за неоправдани отсуства на учениците од страна на одделенските и класни раководители и стручната служба во училиштето.
4. Доколку ученикот има причина за изостанување, родителот е должен да го извести раководителот на паралелката.
5. Ако родителот го најави изостанувањето на ученикот однапред, но не повеќе од 5 дена во наставната година, истиот има право да отсуствува оправдано од наставата.
6. Директорот на училиштето, по писмено барање на родителот од оправдани причини може да му дозволи на ученикот подолго изостанување од наставата, но не повеќе од 30 дена.
7. За секое отсуство подолго од една недела, одд.наставници и класните раководители испраќаат покана со доставница до родителот на ученикот.
8. Секоја покана се евидентира во училиштето кај одделенските/класните раководители и педагошко-психолошката служба во училиштето.
9. Родителите се покануваат на разговор и им се укажува на можните последици доколку ученикот не е редовен во училиштето.
10. Доколку родителот не се јави на разговор,се испраќа втора покана.
11. Ако одделенскиот/класниот раководител не оствари средба со родителот и по испратени покани, го повикува родителот телефонски на разговор.
12. Доколку и на овој начин не се реализира контакт со родителот, одделенскиот/класниот раководител го посетува домот на ученикот за да ја утврди можната причина за големиот број на изостаноци.
13. НВО со кои соработува училиштето, исто така по претходно известување од училиштето, се обидуваат да остварат средба со родителите на нередовните ученици и да влијаат врз нив за да се промени состојбата.
14. Ако после 3 испратени покани, телефонски барања, домашни посети, посети од НВО и понатаму нема соработка со родителот и подобрување во редовноста на ученикот, училиштето испраќа известие во кое писмено ги информира родителите за законските регулативи кои следуваат за неисполнување на обврската за редовност на ученикот.
15. Ако од некоја причина, семејството на ученикот треба да замине некаде на подолг престој (одење во странство, лекување, работа на родителите исл.), родителите се должни да дадат изјава во која ќе го образложат заминувањето.
16. Одделенските/класните раководители и стручната служба ја евидентираат заведената изјава за заминувањето дадена од член на семејството на ученикот, во одделенските книги и посебна евиденциона книга.
17. Освен разговор со родителот, на ученикот кој неоправдано изостанува од наставата му се изрекуваат следниве педагошки мерки: до 10 направени неоправдани изостаноци се изрекува усна опомена од класниот раководител; до 20 изостаноци, писмен укор и известување на родителите; над 30 изостаноци, намалување на поведението на добро или незадоволително зависно од бројот на изостаноците.
18. Доколку ученикот е престарен и не е редовен на училиште, му престанува статусот на редовен ученик.
19. Ако има објективни и субјективни причини за нередовноста на учениците, Наставничкиот совет при училиштето, изрекува мерка-префрлување во друга паралелка или друго училиште.
20. Ако со преземање на сите наведени мерки, ученикот и понатаму продолжи со изостанување од наставата, училиштето, по службена должност го известува надлежниот Просветен инспекторијат да превземе соодветни законски мерки.
21. По потреба, во вакви случаи, училиштето соработува и со Центарот за социјални работи преку известувања, барање на помош и интервенции од страна на нивните стручни работници за надминување на проблемите поврзани со нередовноста на учениците.

СТАТУТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО