Процедура за регистрирање на појава на пушење, конзумирање на алкохол и наркотички супстанции
Болестите на зависност се сериозен проблем што им се заканува на младите без разлика од која социјална средина потекнуваат и без разлика на која националност припаѓаат.
Во училиштето има изготвено програма за превенција на учениците од болести на зависности.
За регистрирање на ваквите појави училиштето има пропишано интерна процедура според која:
• Секој вработен во училиштето е должен доколку забележи ученик кој пуши, конзумира алкохол или наркотички средства да го извести класниот раководител на паралелката во која учи ученикот;
• Класниот раководител го евидентира ученикот;
• Со ученикот разговараат класниот раководител, а по потреба психолошко-педагошка служба, директорот и укажуваат на последиците од употребата на штетните супстанции;
• Доколку ученикот и понатаму продолжи со несоодветното однесување класниот раководител го информира родителот;
• Однесувањето на ученикот се следи континуирано од страна на класниот раководител и педагошко-психолошка служба;
• По потреба се формираат групи на ученици со различно однесување и се спроведуваат активности (работилници) кои треба да придонесат за искоренување на ваквите однесувања;
• Во училиштето се формира и група за поддршка, составена од ученици кои применуваат здрави животни стилови и на тој начин ќе делуваат врз различното однесување на поедини ученици;
• И покрај преземањето на сите наведени активности, доколку ученикот/ците продолжат со користење на штетни супстанции училиштето соработува и со други институции кои се надлежни за интервенирање во вакви случаи (МВР, Медицински центар невладини организации и др.)