Етички кодекс за облекување и за личен изглед

ЗА УЧЕНИЦИТЕ:

  • Облеката која ја носат учениците треба да биде чиста и уредна;
  • Облеката не треба да содржи обележја, натписи, фотографии и сл. кои би ги навредувале чувствата на другите во однос на етничката, верската, половата или пак друга припадност;
  • Кога учениците се во училиште не треба да носат капи и качулки, премногу накит и пирсинг (обетки на носот, усните и образите);
  • Не е дозволено да се носат куси здолништа, високи потпетици и облека која е тесно прилепена на телото, како и широко отворени деколтеа;
  • Не е дозволено учениците да имаат неуредни или предолги нокти со упадлив лак;
  • Не е дозволено учениците да доаѓаат на училиште со нанесена козметика на лице;
  • Секој ученик да внимава неговата фризура да биде уредна и прибрана без разлика на должината на косата.

ЗА НАСТАВНИЦИТЕ:

За наставниците секако треба да важат речиси сите претходни правила кои се однесуваат за учениците (со исклучок на потпетиците кои не треба да бидат превисоки за да може наставничката слободно да се движи и да ѝ биде удобно, бидејќи целото нејзино работно време е на нозе и се движи во училницата помеѓу учениците).

  • Да не се носат тексас пантолони со апликации и со расцепи;
  • Непристојно е да се носат куси пантолони за време на наставната година и за време на летниот период додека учениците се на распуст, а наставниците на работа;
  • Да не се носат маици или кошули без ракави, како и облека која е светкава со претерано изразени контрасти и дезени;
  • Да се избегнува облека наменета за спортување (тренерки, шорцеви, дресови) со исклучок на наставниците по физичко и здравствено образование;
  • Здолништата кои ги носат наставничките не треба да бидат куси. Прифатлива должина е онаа која нема да биде 2 см над нивните колена;
  • Во училиште не треба наставникот да доаѓа со влечки;
  • Препорачливо е секој наставник на часовите да носи работна облека (мантил) и да има прикачен беџ.

СТАТУТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО