ПРОГРАМА ЗА РАБОТА СО УЧЕНИЦИ СО ПОТЕШКОТИИ
Според Законот за основно образование, предвидено е задолжително воспитание и образование на децата со посебни потреби.
Како лица со посебни потреби, се третираат оние на кои им е потребна помош заради некоја попреченост и тоа од физиолошка, ментална или психолошка природа. Во зависност од нивните потешкотии, може да се направи поделба на: ученици со медицински проблеми, проблеми во однесување, попреченост во развојот, потешкотии во учењето, нарушено ментално здравје, изразени интелектуални потешкотии, хронични заболувања и сл.
Според претходно извршена идентификација за потешкотијата што ја има, наставниците во соработка со педагошко-психолошката служба од училиштето, изготвуваат соодветен план и програма за работа за секој ученик, со цел да му се овозможи подобро и поуспешно вклопување во редовната настава. Во текот на учебната година истиот се следи и неговиот напредок се евидентира во индивидуални листи за следење во воспитно- образовниот процес.
Цели | Содржини | Носители | Ресурси | Време | Очекувани ефекти |
Идентификација на ученици кои имаат потреба од посебен пристап во работата |
Разговори со деца и родители, опсервација, користење на психолошки тестови и др. Иструменти за идентификација на учениците |
Одд. и предм. наставници, стручни соработници од училиш. и по потреба стручни лица од соодветни институции; |
Стручна литература, сознанија од обуки и семинари, психолошки наоди, формулари за идентификација за наставник, наоди и мислења од Комисија за категоризац., наод и мислење од лекар забелешки од опсервација. |
Контину. |
Идентифицирани ученици со дефиниран статус |
Евидентирање на учениците според откриените причини за попреченост и потешкотии во учењето; |
Изготвување на соодветна евиденција за учениците со ПОП согласно нивните потешкотии |
Наставници, родители, стр.соработници, стручни лица од соодветни установи; |
Стручна литература |
Октомври |
Соодветно евидентирани ученици според видот на попреченост и потешкотија; |
Изготвување на соодветен план и програма за секој ученик пооделно; |
Изготвување на ИОП и програма за работа за децата со посебни потреби и потешкотии во учењето |
Наставници, родители, стручни соработници, стручни лица од соодветни установи (лекари, дефектолози, логопеди,соц.работници); |
Стручна литература |
Ноември |
Добро и соодветно изготвени ИОП за секој ученик пооделно зависно од видот на попреченост и потешкотијата што ја има; |
Подобрување на успехот на учениците со примена на соодветни методи и техники во наставниот процес |
Користење на соодветни форми, методи и техники за работа согласно способностите и можностите на учениците |
Наставници, родители, стручни соработници |
Стручна литература, сознанија од обуку, семинари; |
Континуир. |
Подобро напредување на учениците во наставниот процес и совладување на предвидениот материјал; |
Следење на индивидуалните постигањата на учениците со потешкотии; |
ополнување на индивидуални чек-листи за следење на ученикот во воспитно- образовниот процес |
Наставници; |
Стручна литература и интернет |
Континуир. |
Подобрување и стекнување на знаења и вештини согласно сопствените индивидуални способности и можности |
Едуцирање на децата и возрасните за почитување на меѓусебните разлики |
Работилници од „Животни вештини“ и други прирачници |
Стручни соработници, обучени наставници и ученици |
Прирачник за „Животни вештини“ и др.прирачници |
Декември, март, јуни |
Подобро прифаќање и помагање на децата со потешкотии и посебни потреби |
Размена на искуства со вработените и запознавање со центрите и активностите на децата во дневните центри |
Средби и размена на мислења,искуства,вклучувања во обуки и семинари,посета на Дневен центар За деца со посебни потреби |
Ученици, наставници и родители |
Брошури, стручен материјал и др.; |
мај |
Оспособување и проширување на знаења и вештини на наставници за работа, вклучување на децата со посебни потреби во организирани секојдневни активности |
Информирање на сите заинтересирани субјекти за работата и напредокот на учениците со посебни потреби |
Индивидуални и групни состаноци со родители и претставници од локалната самоуправа и други заинтересирани(презент. Дискусии,размена мислења и сл.) |
Одд. Наставници и класни раководители |
ЛЦД проектор, различни пишани материјали и др. |
јуни |
Подобро информирање на сите заинтересирани субјекти за ефектите од ваквата работа со овие деца |
Изготвиле: членови на тимот за деца со посебни потреби