Манифестацијата Halloween Games, игри по повод денот на вештерките Халоуин, се одбележа на 30.10.2015 год. во просториите на Центарот за ран детски развој од страна на наставниците по англиски јазик од I до IX одделение заедно со Тимот за талентирани и надарени ученици при ООУ „11 Октомври“ - Куманово, во координација со наставничката по англиски јазик Јасмина Апостоловска, наставничката по физичко и здравствено образование Марина Стојчевска и наставничката по математика Соња Трајковска. Наставниците Бобан Ничевски, Јелена Антиќ-Велковска и одделенскиот наставник Верица Тодоровска учествуваа во организирањето и спроведувањето на програмските активности по повод манифестацијата.
Беа организирани 2 игри, плетење на пајажина и пикадо - пајак, во кои учествуваше група на ученици од VI, VII и VIII одделение, а за учениците од VIII и IX одделение беше организирана модна ревија со носење на страшни костуми и маски. Исто така, во подрачното училиште во с. Д. Којнаре, каде што предава наставничката по англиски јазик Славица Стојчевска, преку игри под маски беше одбележан овој празник.
Покрај овие игровни активности, се изведе и ритмичка точка од страна на неколку костумирани ученици од VIа одделение со песната Thriller (возбуда) на Мајкл Џексон, кралот на рокенролот.
Манифестацијата ја посетија родители, наставници и ученици од училиштето кои уживаа во забавниот спектакл на програмата.