Back To Top
На 15ти декември беше одржана креативна работилница со родителите и наставниците од ОУ „11 Октомври“ во рамки на проект на USAID „Со читање до лидерство“.
На работилницата беа опфатени следниве сесии: Чекор по чекор до добра сликовница, креативна активност изработка на сликовници во групи од родители, ученици и наставници како и совети за читање. Присутните осмислија и изработија оригинални и едукативни сликовници кои лесно би се вклопиле во наставните содржини, а истовремено се интересни и поттикнуваат на читање.
Наставниците и родителите беа запознаени со кампањата за здрави читачки навики претставени преку совети на Доктор Читко и можноста за учество на фото конкурсот.
Голема благодарност до предавачката Александра Павловска која успешно ја водеше работилницата, несебично ги сподели своите идеи и потикна на креативност. Исто така благодарност и до родителите кои одвоија дел од своето време и придонесоа за убавото дружење и продуктивна работилница. Работилницата заврши со надеж дека инспирацијата ќе се прошири како во училниците така и во домовите на учениците.
слике
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во ООУ „11 Октомври“ се реализира од 2015 гoдина со ученици од II и III одделение во соработка на Фондација за образовна и културна иницијатива „Чекор по чекор“. Одговорни во нашето училиште се педагогот Марина Павловска и одд. наставник Весна Кимевска.
Проектот нуди иновативни и креативни пристапи и активности како Караван на букви и броеви, Библиотека на тркала и Дигитална библиотека со соодветни материјали за учење. За првпат во државата се мерат постигањата по јазична и математичка писменост со инструменти за мерење ЕГРА и ЕГМА, со што ќе се обезбедат резултати кои ќе дадат јасна слика за постигањата на учениците. Инструментите се прилагодени на локалниот контекст- на македонски и албански јазик, во соработка со БРО и ДИЦ. Резултатите добиени со примена на овие инструменти можат да послужат а подготовка на стандарди за почетните вештини по мајчин јазик и математика, а воедно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на образованието во нашата земја.
слики