Oтворен Центар за ран детски развој

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда

Во нашето училиште „11 Октомври“ денеска беше пуштен во употреба Центар за ран детски развој, проeкт кој го реализираат општина Куманово и УНИЦЕФ.

За реновирање на просторот и набавка на дидактички материјали, УНИЦЕФ донираше 520.000 денари, а општината дополнително ќе вложи 1500 евра за набавка на средства за настава. Центарот за ран детстки развој е наменет за деца од 3 до 6 годишна возраст и има капацитет за 80 деца.

 

Благодарни сме за реконструкцијата на двете училници, на двата тоалета, благодарни сме за стручната помош за едуцирање на наставничкиот кадар и за материјалите. Во оваа богата стимулативна средина ќе се развива доверба, дружење, почитување, толеранција и едукација. Да вложиме во децата уште од најмала возраст, тие се нашето најголемо богатство - изјави Мерилин Стојчевска, директорка на “11 Октомври“.

 

 Мартин Костовски од општина Куманово се надева дека и во иднина ќе имаат плодна соработка со УНИЦЕФ и ќе работат на заеднички проекти.

 

Оваа прилика ќе ја искористам да се заблагодарам на претставникот на УНИЦЕФ за ваквите проекти, кои што навистина вродуваат со плод и се доказ дека општината Куманово со свои сопствени средства, а нормално и со донации вложува во наставно едукативниот процес во самата локална самоуправа. Се надевам дека нашата соработка нема да застане тука - вели Костовски.

 

Заменик шефот на УНИЦЕФ, Ража Мсефер Берада кажа дека отварањето на Центарот за ран детски развој финансиски е поддржано од Австриската агенција за развој. Во овој центар децата ќе поминуваат неколку часа дневно, ќе се едуцираат и развиваат.

   

Истражувањата покажуваат дека децата кои од најраната возраст посетуваат вакви програми за рано учење и развој, подоцна се поуспешни во редовното образование и воопшто во животот. Новиот Закон за детска заштита кој што беше неодамна усвоен, нуди многу можности за отварање на вакви Центри за ран детстки развој. Сега веќе и општините можат да основаат како што е случајот во Куманово. Децата ќе се развиваат и ќе учат, исто и родителите можат да присуствуваат - рече Мсефер Берада.

 

Од УНИЦЕФ се надеваат дека оваа соработка ќе ги поттикне и другите општини и градоначалници да отвараат Центри за ран детски развој во своите градови.

 

 

СТАТУТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО