Успешен научен придонес на нашиот наставник на Меѓународната научна конференција во Скопје

На 12 септември 2026 година во Скопје се одржа Меѓународната научна конференција „Новите трендови во наставата, учењето и образовните иновации“, во организација на Институтот за применети истражувања (IARB). Овој значаен научен собир обедини истражувачи, наставници, професори и образовни експерти кои преку своите трудови и практични искуства придонесоа кон современите дискусии за развојот на образованието и новите пристапи во наставата и учењето.

Конференцијата се истакна со својот меѓународен карактер, овозможувајќи хибридно учество и плодотворна размена на идеи и искуства со колеги од земјата и странство.

Имаме особено задоволство да објавиме дека нашиот ценет соработник, одделенскиот наставник Маја Максимовска, зеде активно учество на оваа престижна конференција со свој труд од областа на образованието.

Првиот учесник лево е Маја Максимовска

Во нејзиниот апстракт насловен „Мултимедијален финален продукт како резултат на проектно учење во одделенска настава“, ја прикажува примената на проектното учење преку реализација на мултимедијални проекти. Преку користење на современи дигитални алатки како Canva и Book Creator, учениците создаваат презентации, видеа, дигитални книги и други мултимедијални содржини искористувајќи ги нивните детски творечки потенцијали преку мечтата и замислата. Целта е да се поттикнат учениците да творат, за да во иднина станат мајстори на технолошките и социјалните иновации.

Нејзиниот труд посебно внимание посветува на инклузивниот пристап, каде што секој ученик има можност да придонесе со своите вештини и способности, градејќи тимска работа, самодоверба и чувство на заеднички успех.

Клучни поими на нејзиното истражување се проектно учење, интеракција, мултимедијален продукт и инклузија, токму оние компоненти на коишто се базираат современите добри практики.

Целосната Книга на апстракти и Зборникот на трудови се веќе достапни за јавноста. Сите заинтересирани наши соработници и читатели можат да го разгледаат Зборникот на следната врска притискајќи на копчето:

Апстрактот на одделенскиот наставник Маја Максимовска се наоѓа на стр. 333.

Му честитаме на наставникот за посветениот труд и професионалниот напредок, кој претставува воедно гордост и поттик за вработените во нашиот колектив.

Возврати со одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *