Денес со голема радост и гордост го одбележавме отворањето на реновираното подрачно училиште при ООУ „11 Октомври“ – Куманово. Детските насмевки и пригодната програма го направија овој ден посебен за сите нас.

Учениците и наставниците се претставија со кратка пригодна културно-уметничка програма пред поканетите гости.




Српскиот културно-информативен центар „Спона“ и хуманитарната организација „Срби за Србе“ минатата година финансиски го поддржаа и реновирањето на подрачното училиште во село Речица.




Упатуваме искрена благодарност до претставниците од хуманитарната организација „Срби за Србе“ за поддршката и придонесот во обновувањето на училиштето.
Вашата хуманост овозможи поубави и попријатни услови за учење и престој на нашите ученици.
На отворањето присуствуваа Ивана Ѓорѓиевска, претседателот на Советот на Општина Куманово, претставниците на Советот и Секторот за образование при Општина Куманово.





Им благодариме што нè почестија со нивното присуство сите ученици, вработени, родители кои беа дел од оваа свеченост и ја споделија нашата радост.
Нека обновените училници бидат исполнети со знаење, другарство и многу детски успеси! Заедно создаваме подобри услови за нашите деца!
