Одбележување на детска недела 2026

На 6.10.2026 година, со почеток во 10:00 часот, првачињата од ООУ „11 Октомври“ беа свечено примени во Детската организација.

Секоја година, во првата целосна недела од месец октомври, со разни активности во сите држави членки на ООН се одбележува Детската недела. Оваа година настанот се одвива под мотото: „Сите деца со исти права за подобро утре“

Конвенцијата за правата на детето е усвоена на 20 ноември 1989 година, а стапува во сила на 2 септември 1990 година.

Одговорноста за децата е на целата заедница — на сите нас! Светот им останува на децата и затоа претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот, давајќи им сила да истраат и да успеат. Детската недела ги промовира правата на децата кои тие треба да ги уживаат за време на нивниот раст, како и потребната заштита што треба да им биде обезбедена од страна на институциите за да им се овозможи среќно и безгрижно детство.

Драги првачиња, со среќа!

Холот на нашето училиште беше исполнет со многу радост, позитивна енергија и насмевки на детските лица. Децата имаат права и обврски, а истите ги претставија низ неколку прекрасни интерпретации и песни кои ги подготвија заедно со нивните наставници.

Исто така, реализиравме и групна активност со учениците од прво одделение и нивните другарчиња — гости од големата група од градинката „Синоличка“: Декорирање дрво на платно во боите на есента (печатење со прсти).

Голема благодарност до тимот на Детската организација: Дејана Алексовска, Марија Таневска, Весна Бојковска, Весна Кимевска. Ивана Мишиќ Станојковска, Игор Трајковски.