Училишни натпревари по македонски јазик и математика

Picture 510Во нашето училиште на ден 8.2.2016 год. беше одржан училишен натпревар по македонски јазик со ученици од сите седми одделенија. Натпреварот беше организиран од предметниот наставник Елизабета Тодоровска. Највисоки резултати на натпреварот постигна ученикот Марио Крстевски од VIIв. Останатите ученици исто така постигнаа добри резултати. 

На ден 9. 2 .2016г. беше одржан натпревар по македонски јазик на ниво на деветто одделение. Натпреварот беше организиран од предметните наставници  Жаклина Јанчевска, Елизабета Тодоровска и Габриела Младеновска. На натпреварот учениците постигнаа одлични резултати, но со најмногу освоени поени е ученичката Кристина Андоновиќ од IXв одд. 

Picture 513На училишниот натпревар по математика кој се одржа на ден 1.2.2016г. учествуваа ученици од сите седми одделенија. На натпреварот највисоки резултати постигна ученичката Теа Ѓеоргиевска од VII б одд. Натпреварот беше организиран од предметниот наставник Снежана Ристовска.