На 21 март во нашето училиште се одржа училишен натпревар по англиски јазик Spelling Bee. На училишните квалификации учествуваа ученици од V дo IX одделение кои имаа за задача точно да напишат 10 зборови без правописни грешки за да може да учествуваат на регионалниот натпревар. Во кабинетот по англиски јазик дојдоа голем број на заинтересирани ученици кои претходно се подготвувале и ги вежбале зборовите од добиените листи со зборови. Вкупно учествуваа 60 ученици од кои 25 ќе учествуваат на регионалниот натпревар како претставници од нашето училиште.Честитки и многу успех на учениците кои се квалификуваа за учество на регионалниот Spelling Bee натпревар.
Училишниот натпревар беше организиран од наставниците по англиски јазик заедно со волонтерот од Мировен Корпус. На наше огромно задоволство оваа година за прв пат нашето училиште ќе биде домаќин и организатор на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во април. 




