На 26 март (сабота) во 10.00 во просториите на ООУ „Браќа Миладиновци “ во Куманово најдобрите ученици од сите основни училишта од Куманово зедоа учество на општинскиот напревар по англиски јазик. Главен организатор на натпреварот беше ЕЛТАМ ( Асоцијација на професори по англиски јазик).
Нашето училиште го претставуваа 2 ученика од Дамјан Михајловски од IXв одделение под менторство на Јелена Антиќ Велковскса и Петар Стојковиќ од IXг под менторство на Бобан Ничевски, како и 2 ученика од V одделение Јован Лазаревиќ и Мелани Цветковска под менторство на Славица Стојчевска. Учениците имаа можност да се запознаа, дружат и натпреваруваат со другарчиња од сите основни училишта од целата општина.
Учениците постигнаа солидни резултати на натпреварот. Ученикот Дамјан Михајловски од IXв одделение освои 4то место со 93 од можни 100 поени. Иако не се квалификуваа за регионалниот натпревар се збогатија со ново искуство и уште појака желба за изучување на англискиот јазик.

