Театарска претстава „Доктор Офболи“, Kamishibai-театар од проектот „Инклузивно училиште – среќни деца“

12940999 1109322259118685 731801564 oВо рамки на проектот „Инклузивно училиште-среќни деца“, во училиштето на 25.03.2016 година во траење од 10.30 до 11.30 часот, се одржаа театарска претстава „Доктор Офболи„. Ја претставија низ слики и збор на македонски и ромски јазик учениците од V одделение: Христина Јаначковска, Мелита Скендеровска и Никола Јовановски за своите другарчиња од I одд. и нивните родители.

Целта на оваа претстава беше со интерпетација на литературно дело преку слики и збор на македонски и ромски јазик да се покаже повеќејазичност, подобрување на креативноста цртајки слики за театарот, да се развие вештината за раскажување кај учениците како и зближување на ученици од различни етнички заедници.

Организатори: Живка Лазаревска и Зорица Јакимовска

12896468 1109322792451965 1300308788 o 12903719 1109322079118703 1995791843 o 12903730 1109322245785353 1041546920 o  12904002 1109322289118682 71489727 o 12914741 1109322302452014 1006832604 o 12915244 1109322299118681 1629876172 o