Со радост ги примивме и им посакавме топло добредојде на нашите најмали ученици – првачињата и второодделенците. Поздрав за добредојде им посака директорката Елизабета Костадиновска-Костиќ.
Постарите другарчиња од петтите одделенија ги поздравија со кратка, весела и разиграна програма.
Учителките на I и II одделенија ги поведоа учениците во прегратките на нивните училници.

















