На 23 април (сабота ) од 10.00 до 13.00 во ООУ „Христијан Карпош“ се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик Spelling Bee. Натпреварот е инициран од волонтерите од Мировниот Корпус.
Целта на натпреварот е потикнување и мотивирање на учениците за изучување на англискиот јазик, учење на нови зборови и нивно правилно пишување. Значен сегмент е и дружењето за време на подготовките и во текот на натпреварот.
На натпреварот учествуваа учениците од V до IX одделение кои успешно го поминаа училишниот натпревар. Желбата и интересот за учество на едукативниот натпревар се поголем од година во година. Од секое одделние нашето училиште испрати претставници, кои се натпреваруваа, дружеа и добија сертификати за учество.





