На 31 март 2016г. беа реализирани активности во ООУ„Јероним Де Рада “-с.Черкезе. При посетата на партнер-училиштето беа вклучени ученици ,наставници и родители.
Учениците учествуваа во две работилници на тема „Пријателство “ и истражување и творење за верските празници Велигден и Бајрам .
Распоредени во две училници, учениците од двете училишта ги покажаа своите творечки способности. На хамери твореа на тема пријателство и цртаа прекрасни цртежи кои беа симбол на детското пријателство. Во весела и креативна атмосфера создадоа прекрасни дела кои се дел од нашите училишни паноа.
И помалите ученици кои беа ангажирани во работилницата за истражување на верските празници Велигден и Бајрам, ги истакнаа своите афинитети кон творењето. Направија прекрасни хамери на кои ги претставија главните обележја на празниците при прославување. На тој начин дознаа и научија за прославување на празниците и за нивните симболи.
Реализатори на активностите беа предметните наставници:Елизабета Тодоровска, Снежана Ристовска, Александар Стефановски и Бобан Ничевски. Несебична помош и поддршка дадоа педагогот Марина Павловска и наставникот Даниел Тренчевски.









слике

