Во нашето училиште на ден 4 март 2016 г., беше организирана работилница со ученици од нашето училиште и ученици од партнер –училиштето „Јероним Де Рада“ од с. Черкезе.
На работилницата учениците зеднички изработуваа честитики по повод 8 Март кои беа напишани на македонски и на албански јазик и изложени во холот на училиштето.
Беа изработени голем број на честитки и учениците работеа во пријатна и весела атмосфера, со желба за понатамошни зеднички средби. Активноста беше организирана во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието од предметни наставници Елизабета Тодоровска и Снежана Ристовска.







