Работилница „Новогодишно другарување“

Новогодишно другарување

Во рамки на Проектот меѓуетничка интеграција во образованието, на 22 декември 2016 г., во нашето училиште беше реализирана работилница по повод Нова година. Во работилницата учествуваа ученици и наставници од нашето училиште и од партнер-училиштето „Јероним Де Рада“ од с.Черкези. Учениците заеднички направија хамери и честитки по повод Нова година кои ќе бидат дел од нашето пано во училиштето. Дружењето беше исполнето со радост и смеа, со многу желби за мир во светот, здравје, среќа и љубов во Новата 2017 година.

IMG 20161222 113352IMG 20161222 113413IMG 20161222 113418IMG 20161222 120056IMG 20161222 120103IMG 20161222 120146IMG 20161222 120152IMG 20161222 121136IMG 20161222 121713IMG 20161222 121949