Учениците од прво одделение на 24 декември заедно со своите одделенски раководители и професорката по англиски јазик го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Претпразнично дечињата ги изненадија станарите во домот со изработените честитки од новогодишната работилница. Најмалите при нивната посета преку игра и песна им ги честитаа престојните новогодишните и божиќните празници и им посакаа уште долго да се среќаваат со нив. Детската насмевка и песна ги исполнија просториите на домот, а веселите лица на станарите го потврдија задоволството од присуството на дечињата.Се надеваме на почести посети на обострано задоволство во Новата година. Целта на посетата е промоција на грижа за стари лица и меѓусебно почитување.














