Пролетни другарувања

IMG 20170331 114848Во рамките на Проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, беа реализирани заеднички пролетни активности со ученици од нашето училиште и партнер-училиштето „Јероним Де Рада“ од с. Черкези. Учениците заеднички изработија презентации на постер по повод 21 март – Денот на екологијата и 1 април – Денот на шегата.

На постерите ја претставија природата како дел од нашето секојдневие за која напишаа повеќе еко-пораки. Но, не заборавија и да се пошегуваат на сметка на 1 април, така што по тој повод изработија интересни маски истакнувајќи ја нивната творечка вештина.

Во активностите беа вклучени ученици од VIII одделение заедно со наставниците Елизабета Тодоровска и Снежана Ристовска.

IMG 20170331 115417IMG 20170331 115426IMG 20170331 115454IMG 20170331 115459IMG 20170331 125710