Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција околу триесетина ученици од нашето училиште и од партнер училиштето , прошетаа низ Стара чаршија во Скопје и воедно го посетија Детскиот театарски центар .
При прошетката беа посетени неколку занаетчиски дуќани и со сопствениците направија кратки разговори од кои дознаа за повеќе видови занаети.
Посетата беше збогатена со запознавање на Детскиот театарски центар кој се наоѓа во една од улиците на Стара чаршија. Познатиот актер Бајруш Мјаку , на учениците им ги откри тајните на театарските вештини. Љубопитните ученици поставија многу прашања за актерите и претставите и добија одговор од актерот.
Посетата на прекрасниот театарски амбиент заврши со насмевки на лицата на учениците .Крајот на средбата заврши со желба за понатамошни дружења и другарувања .
Реализатори на активноста беа наставниците Елизабета Тодоровска и Снежана Ристовска и наставници од партнер –училиштето.





