Во рамките на проектот „Инклузивно училиште – среќни деца“, а по повод новогодишните празници, учениците од трето одделение со наставниците Љубица Маневска и Маја Максимовска ја посетија Градската библиотека „Тане Георгиевски“.
Учениците им поделија новогодишни честитки на вработените. Целта на оваа посета беше да се пренесат топли и искрени желби за понатамошна соработка помеѓу двете институции. Посетата заврши со честитки за подобра и повесела Нова 2016 година.



