Библиотека на тркала е возило кое на креативен и оригинален начин е редизајнирано во подвижна библиотека. Тоа е катче кое е опремено со шарени и привлечни сликовници, аудио и дигитални книги, забавни математички игри и различни видови на ресусрси. Како дел од проектот „Со читање до лидерство“ библиотеката има за цел да поттикне, развива и негува љубов кон читањето од најмали нозе и да ги подобри јазичните вештини кај учениците од почетните одделенија.
Библиотеката на тркала која патува од мај 2014 на 3 ноември 2015 година пристигна и во дворот на нашето училиште. Учениците во придружба на нивните одделенски раководители го посетија карванот со книги. Во стимулативна атмосфера најмалите од нашето училиште читаа, предвидуваа што ќе се случи, дискутираа и со љубопитство ги следеа аудио-дигиталните книги.












