Одбележување на Денот на светските јазици

3

На 26 септември се одбележа Денот на светските јазици на кој нашето училиште на креативен начин ги претстави странските јазици кои се изучуваат во последните пет години. Учениците имаат можност да ги изучуваат францускиот, германскиот и италијанскиот јазик како втори странски јазици покрај задолжителниот англиски јазик. Нашето училиште важи за единствен пример во градот каде што на учениците секоја година им се нуди можноста да изберат повеќе странски јазици за изучување во шесто одделение.

По овој повод, учениците заедно со наставниците организираа штандови за секој странски јазик одделно и на тој начин ја претставија културата, традицијата и обичаите на народите кои зборуваат и пишуваат на некој од понудените јазици.

12