Во рамки на проектот „Инклузивно училиште – среќни деца“, а по повод новогодишните празници, во централното и двете подрачни училишта, на 16.12.2015 год., од 10.30 до 13.00 часот се одржаа работилници во кои учествуваа ученици од IV до IX одделение, родители и наставници.
На работилницата беа изработени новогодишни честитки и украси кои ќе бидат подарени на неколку институции во градот и тоа: Дом за стари лица „Зафир Сајто“, Градска библиотека „Тане Георгиевски“, Медицински центар – одделение за деца и други институции со кои училиштето соработува. Целта на оваа работилница беше да се поттикне и развие креативноста кај учениците и дружење помеѓу родителите, учениците и наставниците. Работилницата заврши со искрени желби и честитки за подобра и повесела Нова 2016 година.










