ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
ООУ „11 Октомври“ Куманово – објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичкиот правобранител.
Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител).
1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение.
2. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.
Заинтересираните ученици можат да подигнат пријава од педагог/психолог или веб-страната на училиштето. Потребно е кандидатите документите за пријавување да ги пратат на е-mail на училиштето oou-11oktomvri-kumanovo@schools.com или да ги достават кај педагог/психолог.
Мотивационото писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 10.10.2026г.
3. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Избор на ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните критериуми:
· пол,
· возраст,
· основно познавање на детски права,
· мотивација за пријавувањето,
· комуникациски и организациски способности,
· етничка припадност,
· претходно искуство односно вклученост во вон-наставни активности.
4. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на Ученичкиот правобранител и неговите заменици:
Учество на воведна обука за улогата и обврски на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);
Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
Прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
Редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба.
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).
Лица за контакт: педагог/психолог
Датум: 01.10.2026 г. Тим за поддршка за избор на народен правобранител
Куманово
