Повик за избор на ученички правобранител и негови заменици

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

 

ООУ „11 Октомври“ Куманово – објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичкиот правобранител.

Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител).

 

1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.

Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение.

 

2. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните ученици можат да подигнат пријава од педагог/психолог или веб-страната на училиштето. Потребно е кандидатите документите за пријавување да ги пратат на е-mail на училиштето oou-11oktomvri-kumanovo@schools.com или да ги достават кај педагог/психолог.

Мотивационото писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 10.10.2026г.

 

3. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избор на ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните критериуми:

·       пол,

·       возраст,

·       основно познавање на детски права,

·       мотивација за пријавувањето,

·       комуникациски и организациски способности,

·       етничка припадност,

·       претходно искуство односно вклученост во вон-наставни активности.

 

4. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на Ученичкиот правобранител и неговите заменици:

Учество на воведна обука за улогата и обврски на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);

Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;

Прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);

Редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба.

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

 

Лица за контакт: педагог/психолог

                                                                   

   Датум: 01.10.2026 г.         Тим за поддршка за избор на народен правобранител

       Куманово