На 18 март (сабота) во 10.00 во просториите на ООУ „Христијан Карпош“ во Куманово најдобрите ученици од сите основни училишта од Куманово зедоа учество на општинскиот напревар по англиски јазик. Главен организатор на натпреварот беше ЕЛТАМ ( Асоцијација на професори по англиски јазик) акредитирана од МОН.
На оштинскиот натпревар учество зедоа учениците Никола Стошевски и Марија Николиќ од IX одделение под менторство на Јасмина Апостоловска како и 2 ученика од V одделение Андреј Денковски и Андреј Михајловски од V одделение под менторство на Славица Стојчевска. Учениците имаа можност да се запознаа, дружат и натпреваруваат со другарчиња од сите основни училишта од целата општина.
Ученикот Андреј Денковски од V Д. Којнаре освои III (трето) место и доби сертификат, додека менторот пофалница. Му посакуваме многу успех на регионалниот натпревар. Останатите ученици постигнаа солидни резултати на натпреварот и добија потврда за учество. Горди сме на нашите учениците и нивниот успех!

