Како и секоја година, во рамки на спортските настани се одиграа натпреварите во мал фудбал меѓу женски екипи од сите основни училишта во Општината. Сите натпревари се одвиваа во салата на ООУ „Крсте Мисирков “.
Турнирот во женска конкуренција во кој се натпреваруваше екипа од ученички од ООУ „11 Октомври“ се одигра на 9.10.2015. Тимот од нашето училиште под менторство на професорката Марина Стојчевска освои III место.
Дел од тимот на кој може да се гордееме се ученичките: Тијана Ѓуриќ, Бисера Митровиќ, Елеонора Јакимовска, Кристина Миодраговиќ од VIIIг, Стефани Ѓорѓиевска, Анастасија Илиевска, Ванеса Младеновска, Сара Спасевска од VIIIв, Викторија Младеновска, Бисера Додевска од IXа, Анѓела Петковска од IXб и Ангела Јакимовска од IXг одделение.
„Настанот беше интересен и коректен спрема другите противници, во спортски дух, со цел промовирање и создавање на здрави животни навики кај младите преку физичка активност.“–изјави менторката Марина Стојчевска.



