На 20ти април 2016 година во организација на ООУ „Христијан Т. Карпош“ с. Драгоманце се одржа Пролетен крос во Пелинце меѓу ученици од основните училишта. Настанот беше дел од проект активност од манифестацијата „Слложно за рака, дружба без мака“.
Учениците од нашето училиште постигнаа солидни резултати две втори места . Во категорија каде се натпреваруваа IX одделенија ученичката Викторија Младеновска од IXa освои II место а исто така и ученикот Никола Гелевиќ од IXв се пласираше на II место. Ментор на учениците е Зоран Митрички. Учениците добија сребрени медали а училиштето благодарница за учество.

