Игри под маски во подрачните училишта

pumpkin 360x640Преку игри под маски се одбележа празникот Halloween (Ноќта на вештерките) во подрачните училишта. Во Д.Којнаре игрите се одржаа на 31ви октомври, додека игрите во подрачното училиште во Речица се одржаа во училишниот двор  на 1ви ноември . 

Подготовките за игрите започнаа со украсување на училниците. Учениците изработија креативни и оригинални декорации.  Цртежи, изрезбани фенери од тикви, костури, пауци и лилјаци ги разубавија нивните училници. По успешните подготовки, учениците маскирани во страшни костуми каде преовладуваа вештерки, црни мачки и чудовишта изиграа неколку игри. Поделени во 2 тима се натпреваруваа учениците од IV и V одделение.   

Маските, забавните игри и сертификатите што ги добија учениците придонесоа за несекојдневен настан полн со детска смеа. Во организирање и спроведување на активностите по повод оваа манифестација учествуваа професорката по англиски јазик Славица Стојчевска и одделенските наставници од подрачните училишта. 

20161028 123203 640x439 640x43920161102 120642 640x36020161102 120758 640x36020161102 123345 640x36020161031 120929 640x51420161031 121446 640x44020161031 121657 640x36020161031 121843 640x49620161031 123218 640x44720161031 123156 640x43820161031 123210 640x36020161031 123228 640x38220161031 123336 640x35520161101 113518 640x403 640x40320161101 113656 640x36020161101 113759 640x37220161101 115023 392x64020161101 115045 640x36020161101 115239 640x360слике