По повод Ден на екологија на 21.03.2016 година во подрачното училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре беше спроведена еко акција во која учествуваа ученици од сите одделенија и нивните наставници. Учениците и наставниците работеа на чистење на училишниот двор и игралиштето кое се наоѓа во склоп на самото училиште, беше собрано целото ѓубре како што се пластични шишиња, хартија, отпадоци од храна итн. Учениците вредно работеа при што придонесоа за здрава и чиста животна средина. По завршувањето на акцијата учениците твореа на тема Екологија.





слике

