Еко автобус

20160422 085920 640x360На 22 април на Денот на планетата Земја учениците од ООУ „11 Октомври “ беа едуцирани за правилна класификација  и рециклажа на отпад во Еко автобусот опремен со 3Д технологија  на Пако Мак. Учениците од I до V одделение во центалното и подрачните училишта учествуваа на 40 минутна обука  која ја водеше Ивце Пивче. Популарниот водител Ивце Пивце ги запозна и ги насочи  учениците со начин на справување со отпад и како наместо отпад да добиеме нов рециклиран производ.  

Учениците проследија едукативен филм „Селектираме и рециклираме со суперхероите на Пакомак“ со помош на  3Д очила.   3Д проекцијата им потенцираше на учениците пред да го фрлат отпадот во контејнер да направат правилна селeкција и класификација: во контејнери со жолта боја да фрлаат пластика, во син контејнер  хартија, а во зелен контејнер стакло. Хероите од едукативниот фил ги потикнаа учениците да се вклучат во зелената мисија која преферира повеќе зеленило отколку отпад во природата.  

13010669 10208180645588337 7544360343358425207 n 640x48013076908 10208180644508310 5090071420737565095 n 640x480

Потоа учениците решаваа  и учеа преку квизот „Стани херој Пакомаковец“ преку систем за интерактивно поврзување со публиката. Квизот имаше за цел развивање на повисока еколошка свест за зачувување на животната средина.

На крајот секој ученик доби подарок  семиња за да ги засади, наводнува и грижи. Исто така учениците добија  и флаер со  веб страницата на Пакомак каде има квиз натпревар на кој што децата заедно со своите родители од дома  може да го играат со  цел заеднички да се едуцираат и информираат за рециклирањето и да си освојат награда. 20160422 091006 640x36020160422 091955 640x36020160422 092222 640x36020160422 092443 640x360 640x36013043553 10208180457463634 7799817221042170953 n 640x479слике