И оваа година, како и претходните години, учениците и наставниците од нашето училиште активно се вклучија во одбележување на Денот на дрвото „Засади ја својата иднина!” во среда (2.XII 2015 год.), која се организира со цел подигање на еколошката свест за чиста и здрава животна средина, а има и стопанско значење преку пошумување на оголени површини.
За реализирање на оваа акција во училиштето беа донесени 100 садници од бел бор. Дел од садниците беа однесени во подрачните училишта при ООУ „11 Октомври“ во с. Којнаре и во с. Речица за да бидат насадени во околниот двор. Во централното училиште во акцијата учествуваа ученици од V до IX одделение и сите наставници.
Еколошките активности беа од масовен карактер, се реализираа во различен облик. Освен садењето на садници, се спроведоа и следниве активности: чистење на училишниот двор, собирање на листови за компостирање, уредување на училниците и др. Учениците од IV и V одделение во своите училници твореа литературни и ликовни творби со еколошки теми и пароли.



















