Одбележување на Денот на дрвото во подрачното училиште во с. Речица

2015 Den na drvo RecПод мотото „Засади ја својата иднина!“ на 2 декември во подрачното училиште во с. Речица се садеа садници со бел бор во училишниот двор. Во акцијата за засадување на дрвја учествуваа учениците од IV и од V одделение и нивните одделенски раководители. 

Во рамките на еко-акцијата по повод Денот на дрвото учениците партиципираа како креатори на својата иднина и ја раззеленија околината на училиштето со нови садници. Учениците зедоа активно учество и дадоа свој придонес во градење на чиста животна средина.

Испланираните еко-активности беа успешно спроведени со видливи резултати со надеж дека уредувањето, садењето на дрвца  и нивно негување ќе прераснат во секојдневна практика на идните генерации.
2015 Den na drvoo2015 Den na drvo

  

                                                                            2015 Dena na drvo

 2015 Den na drvo Recica2015 Den na drvo Recic