Активности по повод Детска недела

pano za Detska nedela 589x640Секоја година првата седмица од месец октомври се посветува на децата, а оваа година во нашето училиште по повод одбележување на Детската недела се одржаа низа активности:

2 октомври: Посета на Градоначалникот Зоран Дамјановски и Секретарот на Општината Валентина Алексовска од учениците од Iа одделение заедно со одделенскиот раководител  Дејана Алексовска.

5 октомври: Литературно читање по повод „Светскиот ден на учителот“ од мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“ во холот на нашето училиште.

6 октомври: Прием на првачиња во Детската организација кој се одвиваше по следниов редослед:

– Воведен говор од водителката Мелани Георгиевска и најава на настанот;

– Поздравен говор од директорката Елизабета Костадиновска Костиќ;

– Присутните ученици заедно со гостите од градинката „Синоличка“ ја проследија приредбата преку која им беше доловена важноста за учество во Детската организација. На приредбата учество зедоа следниве ученици:

  • III одд. со музичка точка „За сите деца“;
  • V одд. со музички настап „Мојата учителка“;
  • III одд. со песна Just dance;
  • IV одд. од подрачното училиште во Д. Којнаре со драматизација Кој има најмногу другарчиња?;
  • II одд. од подрачното училиште во Д. Којнаре со рецитација Другарство;
  • III одд. од подрачното училиште во Д. Којнаре со музички настап This is my house и The wheels on the bus.

– По завршување на приредбата водителката го прочита ветувањето, а учениците го повторија истото, така што преку оваа изјава на ветување станаа членови во Детската организација и добија беџ и пасош. Добредојдовте првачиња во Детската организација!

Настанот заврши во училишниот двор каде што присутните ученици цртаа на тема Детски права. 

20171006 094007 640x36020171006 094546 640x36020171006 095251 640x36020171006 095532 640x36020171006 095028 640x36020171006 100137 640x36020171006 102312 640x360DSC09563 640x48022290827 1629511193766453 1343309985 o 480x64022343585 1629510903766482 1653622161 o 480x640DSC09581 640x48022290736 1629510880433151 1713014015 o 640x480