Почитувани,

Ве известуваме дека вo среда на 2 декември 2015 год. во ООУ „11 Октомври“ ќе се одржи акција Ден на дрвото. Во согласност со календарот за организација на учебната 2015/2016 година, 2 декември ќе се смета како наставен ден кога се изведува програма со посебни училишни активности.
Учениците ќе бидат ангажирани за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор. Годишното мото „Засади успех“ има за цел озеленување на училишните дворови, едукација и поттикнување на еколошката свест и еко-етиката кај младите.

