Преку игри под маски се одбележа празникот Halloween (Ноќта на вештерките) во подрачните училишта. Во Д.Којнаре игрите се одржаа на 31ви октомври, додека игрите во подрачното училиште во Речица се одржаа во училишниот двор на 1ви ноември .
Подготовките за игрите започнаа со украсување на училниците. Учениците изработија креативни и оригинални декорации. Цртежи, изрезбани фенери од тикви, костури, пауци и лилјаци ги разубавија нивните училници. По успешните подготовки, учениците маскирани во страшни костуми каде преовладуваа вештерки, црни мачки и чудовишта изиграа неколку игри. Поделени во 2 тима се натпреваруваа учениците од IV и V одделение.
Маските, забавните игри и сертификатите што ги добија учениците придонесоа за несекојдневен настан полн со детска смеа. Во организирање и спроведување на активностите по повод оваа манифестација учествуваа професорката по англиски јазик Славица Стојчевска и одделенските наставници од подрачните училишта.


















слике

