Во текот на месец октомври беа реализирани активности од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието со ученици од нашето училиште и ученици од ООУ „Христијан Карпош“ и ООУ „Бајрам Шабани“. Учениците твореа на тема екологија, напишаа еко-пораки, изготвија хамери и истите беа дел од завршната манифестација.


