Проект „Со читање до лидерство“

13330548 1301177903244920 908222583 nПроектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во ООУ „11 Октомври“ се реализира од 2015 гoдина со ученици од II и III одделение во соработка на Фондација за образовна и културна иницијатива „Чекор по чекор“.  Одговорни во нашето училиште се педагогот Марина Павловска и одд. наставник Весна Кимевска.

 

Проектот нуди иновативни и креативни пристапи и активности како  Караван на букви и броеви, Библиотека на тркала и Дигитална библиотека со соодветни материјали за учење. За првпат во државата се мерат постигањата по јазична и математичка писменост со инструменти за мерење ЕГРА и ЕГМА, со што ќе се обезбедат резултати кои ќе дадат јасна слика за постигањата на учениците. Инструментите се прилагодени на локалниот контекст- на македонски и албански јазик, во соработка со БРО и ДИЦ. Резултатите добиени со примена на овие инструменти можат да послужат а подготовка на стандарди за почетните вештини по мајчин јазик и математика, а воедно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на образованието во нашата земја. 

13336391 1301180033244707 1567380655 n13318968 1301178789911498 1732357987 nслики