На 22 април на Денот на планетата Земја учениците од ООУ „11 Октомври “ беа едуцирани за правилна класификација и рециклажа на отпад во Еко автобусот опремен со 3Д технологија на Пако Мак. Учениците од I до V одделение во центалното и подрачните училишта учествуваа на 40 минутна обука која ја водеше Ивце Пивче. Популарниот водител Ивце Пивце ги запозна и ги насочи учениците со начин на справување со отпад и како наместо отпад да добиеме нов рециклиран производ.
Учениците проследија едукативен филм „Селектираме и рециклираме со суперхероите на Пакомак“ со помош на 3Д очила. 3Д проекцијата им потенцираше на учениците пред да го фрлат отпадот во контејнер да направат правилна селeкција и класификација: во контејнери со жолта боја да фрлаат пластика, во син контејнер хартија, а во зелен контејнер стакло. Хероите од едукативниот фил ги потикнаа учениците да се вклучат во зелената мисија која преферира повеќе зеленило отколку отпад во природата.
Потоа учениците решаваа и учеа преку квизот „Стани херој Пакомаковец“ преку систем за интерактивно поврзување со публиката. Квизот имаше за цел развивање на повисока еколошка свест за зачувување на животната средина.
На крајот секој ученик доби подарок семиња за да ги засади, наводнува и грижи. Исто така учениците добија и флаер со веб страницата на Пакомак каде има квиз натпревар на кој што децата заедно со своите родители од дома може да го играат со цел заеднички да се едуцираат и информираат за рециклирањето и да си освојат награда. 



слике



